Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најскапи места за состаноци-Цирих прв на листата каде вечера надвор ќе ве „изгори“ по џеб

Најскапи места за состаноци-Цирих прв на листата каде вечера надвор ќе ве „изгори“ по џеб

Втора година по ред Швајцарија се наоѓа на прво место на листата на најскапи градови за состаноци на податоци на овогодинешниот извештај „Mapping the World's Prices“ на Deutsche Bank. 

Една вечер надвор, за која истражувањето предвидува трошоци за такси, вечера за двајца, безалкохолни пијалаци, два билети за кино и неколку пива, чини 195,90 долари или со 147% повеќе отколку во Њујорк, кој го зазема седмото место.

По повод овие резултати германската банка ги советува жителите на Цирих да избираат со кого излегуваат на средба многу внимателно и да склучуваат брак порано, ако сакаат да заштедат пари.

Целта на истражувањето е да даде појасна идеја дали девизните курсеви всушност се коригираат за да се отстранат големите разлики во цените во одделните држави, како претпоставува традиционалната економска теорија.

Местото на Швајцарија на врвот сепак би требало да им даде џокер на инвеститорите и барателите на партнер дека работите ретко се толку едноставни како што изгледаат. Поради силната валута на државата локалните цени изгледаат прилично високи во однос на нејзините европски соседи.

Париз, каде средбите не се одразуваат неразумно многу на паричникот, се рангираше на 17 место од 47, а најмногу прифатливи места за романтика се Куала Лумпур, Џакарта и Манила.

По критериумот кој ги мери лошите навики како пушењето на цигари и пиењето пива Осло во Норвешка се рангираше на опашката, проследен од Мелбурн, Окланд, Нов Зеланд, од своја страна, се рангираше на третото место со ниво на цените од 104% во споредба со цените во Њујорк.

На другиот крај на листата исполнувањето на овие навики е најевтино во Чешка и во Јужна Африка, коментираат од Deutsche Bank, каде тие чинат само 23% од нивната вредност во Њујорк. 

Слично

Поврзани вести