НАЈСКАПИ ЛЕЖАЛКИ ВО ЕВРОПА: Цени и до 1.200 евра дневно
Многу од најатрактивните плажи на Медитеранот - од прекрасниот брег Амалфи во Италија до заливите на Ибица - сега се во приватна сопственост, а обезбедувањето на дел од нив може да ве чини колку целиот одмор.
Дури и едноставен пар лежалки со еден чадор на просечна плажа во текот на сезоната може да чини од 23 до 58 евра на ден, додека полуксузните одморалишта и клубовите на плажа ги креваат цените до небо - до неколку стотици евра на ден.
Во популарниот клуб Ла Кабан на Коста дел Сол, дневното изнајмување на лежалки може да достигне и до 1.200 евра.
Клубот е дел од спа-центарот Лос Монтерос и одморалиштето Голд во близина на Марбеља, а лежалките и чадорите се украсени со впечатливи шари Долче и Габана. Цената вклучува ваучер од 200 евра што може да се искористи за шампањ, но дури и за богати патници тоа е прилично екстравагантна цена за лежење покрај море или базен.
foto freepik.com
