Најсиромашните Американци останаа без храна поради несогласувањата за буџетот
Проблемите со буџетот и бликирањето на работата на државниот апарат на САД влијаеше најмногу врз сиромашните граѓани. Исходот од финансиската парализа останува нејасен , откако претседателот Барак Обама не го усвои предлогот на републиканците, а социјално слабите не можат да добијат помош за храна.
„Да ја нахраниме Јужна Флорида " е една од иницијативите кои објавија дека се погодени од ненормалното функционирање на државниот апарат во САД . Таквите банки за храна во земјата ги има стотици.
Да ја нахраниме Флорида вработува 47 лица , а институцијата добива помош од федералното Министерство за земјоделство.
„Сега не е јасно како ќе го обезбедиме потребното количество храна. Можеби државата нема воопшто да ни додели храна " , вели вработен во организацијата.
Едно од засолништата за бездомници , кое обезбедува за 200 лица храна три пати на ден , сега треба да троши повеќе пари за храна , бидејќи не ја добива доволно од банката за храна . Вработените во секторот стравуваат дека работите ќе се влошат дополнително поради усвоената програма на штедење од страна на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес .
Така ќе бидат погодени милиони Американци , кои се уште не се закрепнаа од финансиската криза , која започна во 2008 година.
Слично
