Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најсилен земјотрес во Италија од 1980-та, удри со јачина од 6.6 степени

Најсилен земјотрес во Италија од 1980-та, удри со јачина од 6.6 степени

Италија по серијата на афтершокови денеска е погодена од уште посилен земјотрес со јачина од 6.6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 132 км североисточно од Рим и на 67 км источно од Перуџа, близу епицентарот на потресите од минатата недела. 

Земјотресот ја погоди Централна Италија, силно се почуствувал во Рим и во јужните градови и активирани се итните служби кои ќе интервенираат на терен со цел да им помогнат на граѓани. Метрото во Рим е суспендирано, а срушени се голем број на постари згради, но се уште е рано да се каже дали има жртви.


Слично

Поврзани вести