Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најпребаруваните резултати на Гугл во Сирија, покажуваат дека бегалската криза само што почнала

Најпребаруваните резултати на Гугл во Сирија, покажуваат дека бегалската криза само што почнала

Сиријците го користат интернетот за помош во наоѓање најлесен пат за да ја напуштат нивната земја.

Податоците од најпребаруваните резултати на Гугл од жителите на Сирија, покажуваат дека се повеќе бегалци ја бараат својата иднина во друга земја.

Во последниве две недели Сиријците најчесто пребарувале каде има најблиска болница, како да лекуваат изгореници дома и како да даваат прва помош и вештачко дишење.

Но, податоците покажуваат најмногу Сиријци на Гугл го барале најкраткиот пат до Европа. Поточно, како најбрзо да стигнат до Германија.

Топ 2 најпребарувани зборови на Гугл биле ,,Имиграција во Германија” и ,,Азил во Германија”.  Бегалците на интернет бараат податоци како да стигнат до посакуваната дестинација.

 Тие пребаруваат мапи на Европа, за да видат која рута да ја изберат за своето патување.

Освен тоа, знаејќи ја заострената политика на Унгарија за справување со бегалската криза, Сиријците пребаруваат и новости за ,,Бегалците во Унгарија”.

Интернетот им е помош на Сиријците кои останале во воените жаришта, а според пребарувањата тие не планираат да останат таму уште долго.

Слично

Поврзани вести