Најопасниот криминалец на Земјата избега од затвор
Највисо рангираниот наркобарон во Мексико Иоахин Гузман Лоера избегал по втор пат од најсигурниот затвор, објавија властите во земјата, пренесе БиБиСи.
Хоакин Гузман, или Ел Чапо, бил виден последен пат кај тушевите на затворот во саботата навечер, соопшти Националната комисија за безбедност на Мексико.
Ел Чапо беше лидер на еден од најголемите наркокартели во светот - "Синалоа", кој увезува дрога во САД.
По ликвидирањето на Осама бин Ладен тој е определен како најопасниот криминалец на земјата.
Ел Чапо беше фатен во 2014 година по 13-годишна потерница, откако во 2001 година избега од затвор, каде бил од 1993 година и в одржуваше 20-годишна затворска казна. Тој подмитил вработени во затворот. За бегството му помогнале 80 лица.
