НАЈНОВО ОТКРИТИЕ: Од јануари па досега дури 99,5 отсто од починатите од ковид не биле вакцинирани
Директорката на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски, изјави дека првичните податоци на Центарот покажуваат дека 99,5 проценти од оние кои починале од вирусот корона не биле вакцинирани во последните шест месеци.
Валенски вели дека податоците од голем број земји покажуваат дека скоро секоја жртва на вирусот корона од јануари, еден месец откако започна масовната вакцинација во САД, не е имунизирана.
Таа истакна дека ова е одраз на ефективноста на вакцините, пренесува Индекс.хр.
„Ова е доказ дека вакцините можат да спречат скоро каква било смрт од вирусот корона“, истакна Валенски.
Таа, исто така, нагласи дека учеството на делта во Соединетите држави сега опфаќа 25 проценти од сите случаи и изрази посебна загриженост за илјада окрузи, пред се на југот и истокот на земјата, каде што се вакцинирани само 30 проценти од населението.
Индија денес ја надмина психолошката граница од 400.000 жртви на вирусот корона, а половина од нив починаа во вториот бран, кој во последните неколку месеци преоптоваруваше здравствениот систем и крематориумите во таа земја со 1,4 милијарди жители.
Во Индија, од почетокот на пандемијата се регистрирани 30,45 милиони случаи на ковид 19, што е на второ место по Соединетите држави, кои имаат 33 милиони заразени.
САД имаат над 604 000 смртни случаи, додека околу 518 000 луѓе починаа во Бразил, покажуваат податоците на специјализираната страница worldometrers.info.
Индија официјално регистрираше вкупно 200.000 смртни случаи до крајот на април, но за само 28 дена, таа достигна 300.000 смртни случаи.
Здравствените експерти сметаат дека вистинскиот број на жртви на вирусот корона во Индија може да биде милион, па дури и повеќе, според Ројтерс.
