Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ФАЈЗЕР: Ефикасноста е 91 отсто, штити од тешка форма на болеста и од јужноафриканскиот сој

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ФАЈЗЕР: Ефикасноста е 91 отсто, штити од тешка форма на болеста и од јужноафриканскиот сој

Фајзер и Бионтек објавија дека нивната вакцина против ковид 9 е околу 91 отсто ефикасна во спречување на болеста, повикувајќи се на ажурирани податоци за вакцините, од кои некои ја примиле вакцината пред шест месеци.

Вакцината беше 100 проценти ефикасна во спречување на болеста кај учесниците во Јужна Африка, каде доминира нова варијанта на вирусот, Б1351, иако бројот на учесници во студијата е релативно мал - 800.

Новите податоци за ефикасност од 91,3 проценти се пониски од 95 проценти, како што првично беше објавено во ноември, во студија спроведена на 44.000 луѓе, но оттогаш вирусот се мутирал и сега циркулира во неколку варијанти на ковид-19.

Алберт Бурла, извршен директор на Фајзер, рече дека новите ажурирани податоци вклучуваат повеќе од 12.000 лица кои биле целосно вакцинирани во изминатите најмалку шест месеци и дека производителот ја стекнал основата за да може да побара конечно одобрување од американскиот регулатор.

Вакцината сега се користи под привремено одобрение доделено од Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА).

Резултатите од тестот „ги даваат првите клинички резултати дека вакцината може ефикасно да штити од варијанти на болеста кои моментално циркулираат, што е критичен фактор за стекнување колективен имунитет и завршување на оваа пандемија за населението во светот“, вели Угур Сахин, директор на Бајонтек.

Експертите стравуваат дека новите варијанти на ковид-19 од Јужна Африка и Бразил би можеле да бидат поотпорни на постојните вакцини и третмани. Според федералните податоци, повеќе од 300 случаи на варијанта во Јужна Африка се откриени во повеќе од 25 држави во САД.

Вакцината е стопроцентно ефикасна во спречување на тешки форми на болеста, како што е дефинирано од Центрите за контрола и превенција на болести на САД, или 95,3 проценти ефикасна според дефиницијата на ФДА.

Во клиничките испитувања, нема сериозна загриженост за безбедноста на вакцината за шест месеци откако примателите ја примија првата доза, според двајцата производители.

Тие додаваат дека оваа вакцина е генерално подеднакво ефикасна без оглед на возраста, расата, полот, етничката припадност на примателот и без оглед на постојните медицински состојби на примателот на вакцината.

Студијата вклучува повеќе од 900 потврдени случаи на ковида-19, од кои повеќето добиле плацебо.

Објавувањето на денешните ажурирани резултати следеше по посебна студија која потврди дека вакцината е безбедна и ефикасна кај деца на возраст од 12 до 15 години, отворајќи го патот производителот да побара одобрување и во САД и во Европа за вакцинација за таа возрасна група во наредните недели.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести