НАЈНОВИ ИСТРАЖУВАЊА: Фајзер и Модерна се ефикасни и кај бремени жени и доилки, антителата се пренесуваат на бебињата
Вакцините Фајзер / Бионтек и Модерна протов коронавирусот се ефикасни кај бремени жени и доилки кои можат да пренесат антитела на новороденчињата, според истражувањето објавено вчера во американскиот весник за акушерство и гинекологија, објави Индекс.хр.
Научниците од Massachusetts General i Brigham and Women's, institut Ragon и универзитетот Harvard, проучиле 131 жена вакцинирани со Фајзер / Бионтек и Модерна, објави Си-Ен-Ен. Меѓу нив, 84 се бремени, 31 дојат, а 16 не биле бремени.
Нивните примероци беа собрани од 17 декември 2020 година до 2 март 2021 година.
Нивоата на антитела, предизвикани од вакцинација, беа исти кај бремени жени и доилки како и кај небремени жени. Тимот забележа дека нивото на антитела по вакцинацијата е „значително повисоко“ во споредба со антителата генерирани по инфекцијата со коронавирус за време на бременоста.
„Се чини дека овие вакцини работат исклучително ефикасно кај овие жени“, рече еден од научниците, Галит Алтер, професор на Институтот „Рагон“.
Покрај ова, тимот откри дека жените ги пренесуваат овие заштитни антитела на своите бебиња, и тие се мерат во мајчиното млеко и плацентата.
„Скоро сите мајки пренесоа пристојно ниво на антитела на своите бебиња“, рече Алтер, додавајќи дека се потребни дополнителни истражувања за да се разбере колку траат тие заштитни антитела кај бебињата.
Испитаниците го користеле системот на Центри за контрола и превенција на болести во САД за да пријават несакани ефекти на вакцинацијата.
„Нема докази дека имало повеќе несакани ефекти во споредба со општата популација“
Алтер вели дека нема докази дека имало повеќе несакани ефекти или поинтензивни несакани ефекти кај таа група жени во споредба со општата популација.
