Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈНОВИ АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД САД: Млади меѓу 20 и 30 години со тешка форма на болеста завршуваат на интензивните одделенија зошто се невакцинирани

НАЈНОВИ АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД САД: Млади меѓу 20 и 30 години со тешка форма на болеста завршуваат на интензивните одделенија зошто се невакцинирани

Американските медиуми пренесуваат дека голем број млади невакцинирани лица завршуваат на одделенијата за интензивна нега ширум болниците во САД зошто се невакцинирани. Според лекарите, станува збор за луѓе на возраст од 20 до 30 години кои многу брзо се заразуваат и потоа добиваат сериозни симптоми и тешка клиничка слика, но за ваквата состојба допрва ќе се прават научни истражувања.

Инаку, според наводите на Њујорк Тајмс, 28-годишен пациент неодамна починал од вирусот во болница во Спрингфилд. Минатата недела, 21-годишен студент бил примен на Одделение за интензивна нега. Многу пациенти кои се моментално хоспитализирани во САД поради компликации на Ковид се помлади од 50 години и заедничко за сите е што не се вакцинирани.

Инаку, според податоците, помалку од половина млади Американци не се вакцинирани, а од најголемиот број хоспитализирани пациенти во САС, дури 97%, се невакцинирани.


Слично

Поврзани вести