Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈНОВА СТУДИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЏОН ХОПКИНС: Научниците откриваат поголем број новозаразени и повеќе смртни случаи во кластери каде има деца

НАЈНОВА СТУДИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЏОН ХОПКИНС: Научниците откриваат поголем број новозаразени и повеќе смртни случаи во кластери каде има деца

Голем тим на научници од Универзитетот Џон Хопкинс со нивни колеги од Индија пред речиси два месеца во нивната последна заедничка студија заклучуваат дека децата се неверојатен трансмитер на корона вирусот, иако најмалку се подложни на заразата со Ковид-19.

Нивната студија која е објавена во списанието Technology networks покажува дека децата опфатени во истражувањето се всушност најопасните пренесувачи на болеста.

Научниците ова го потврдуваат со тоа што резултатите од студијата покажале дека присуството на деца во едно семејство довело до многу поголем број на заразени со корона вирусот,  но и поголем број на смртни случаи.

Водечкиот истражувач Раманан Лаксминарајан, од Институтот Принстон вели:

-Децата се многу ефикасни трансмитери, а ова не нешто што не е цврсто утврдено во претходните студии. Откривме дека пријавените случаи на новозаразени и смртни случаи се концентрирани токму во групи каде има помлада популација, вели Лаксминарајан.

Инаку, во оваа студија се опфатени повеќе од 500.000 луѓе. 


Слично

Поврзани вести