НАЈНОВА БРИТАНСКА СТУДИЈА ПОКАЖА: Силни имунолошки реакции од само една доза на Фајзер
Најновата студија
објавена денеска во Велика Британија покажува дека само една доза од вакцината на
Фајзер создава неверојатно силен имунолошки одговор сличен на оној кој се
создава во организмот откако ќе се прележи инфекцијата и обезбедува заштита од
различни соеви на вирусот за луѓето кои веќе се избориле со Ковид 19.
Студијата, предводена од универзитетите „Шефилд“ и „Оксфорд“ со поддршка од Конзорциумот за имунологија на Велика Британија за корона вирусот, открива дека 99% од луѓето генерираат силни имунолошки реакции по една доза од вакцината на Фајзер/БионТек.
Како што наведува
угледниот Ројтерс, студијата вклучила 237 лица и заклучено е дека оние кои веќе
го прележале ковид 19 имале посилен имунолошки одговор на Т-клетките на
вирусот, дури шест пати посилен од оние кои не биле заразени.
Авторот на студијата, д-р Тишан де Силва од Универзитетот во Шефилд, изјавил дека кај оние кои прележале ковид 19, одговорот на инфекцијата е ефикасен во случај на мутациите, новите соеви на коронавирус, како што е и јужноафриканската варијанта.
