Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈМНОГУ НОВИ ИНФЕКЦИИ ВО ЕВРОПА: Од Ковид-19 во последните 24 часа заразени повеќе од 600.000 луѓе во светот

НАЈМНОГУ НОВИ ИНФЕКЦИИ ВО ЕВРОПА: Од Ковид-19 во последните 24 часа заразени повеќе од 600.000 луѓе во светот

Повеќе од 612.000 нови случаи на корона вирус се потврдени во светот во претходните 24 часа, а над 10.500 луѓе починаа, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, изминатиот ден се регистрирани точно 612.369 новоинфицирани и 10.590 смртни случаи поврзани како последица на Ковид-19, што го зголеми вкупниот број на инфекции од почетокот на пандемијата на 125. 781957, а официјалниот број на смртни случаи достигна 2.759.432

Најголем број на нови инфекции, 41%, е регистриран во Европа, па потоа во Северна и Јужна Америка и Југоисточна Азија. САД имаат најголем број на пациенти и смртни случаи од почетокот на пандемијата.


Слично

Поврзани вести