Најмладите милијардери се во Кина
Кина може и да нема најмногу милијардери во светот , но може да се пофали со најмладите , пишува CNBC . Просечната возраст на 157 -те милијардери во Кина е 53 години, според извештајот за светското богатство на Wealth -X и UBS . Тоа е најниската просечна возраст во светот .
Кина располата со вториот најголем број милијардери во светот по САД , каде што тие се 515 . Во последната година, во Кина, се појавиле 10 нови милијардери . Милијардерите во земјата неодамна беа подложени на критики поради нивното богатство и моќ. Владата неодамна обвини еден од милијардери и бранител на човековите права , дека " собира толпа за нарушување на јавниот ред . "
Инвеститорот и блогер од кинеско- американско потекло Чарлс Сју беше уапсен во август , а минатата година Кси Минг , кој пред време беше осмиот најбогат Кинез , беше уапсен и обвинет за измама . Студија покажува дека 17 % од милијардерите , кои спаѓаат во списокот на кинеското издание Hurun Report , на крајот завршуваат во затвор.
Слично
