Најмладите мајки во ЕУ се од Балканот
Најмлади мајки во Европската Унија се жените во Бугарија и Романија.
Секое осмо дете во ЕУ, родено од мајка помлада од 20 години, е од Бугарија или Романија.
Ова го покажуваат податоци на Евростат, а нив ги цитира украинскиот онлајн весник „Европска правда”.
Најголем удел во раѓање на први деца од млади мајки под 20 години има Бугарија (12,5 проценти од вкупниот број на раѓања во 2017 година) и Романија (12,1 отсто). Зад нив следуваат Унгарија (8,5 проценти) и Словачка (8,1 отсто).
Слично
