НАЈМЛАДИОТ ПАЦИЕНТ: Петмесечно бебе почина од коронавирус во Њујорк
Петмесечната ќерка на пожарникар од Њујорк почина од коронавирус и таа е најмалата жртва на коронавирусот. Џеј Натали, поминала еден месец во болница на лекување од вирусот, но за жал му подлегнала во понеделникот.
Нејзиниот татко, кој станал пожарникар во ноември, кога впрочем и се родила Џеј Натали. ја нарече својата ќерка „воена принцеза" за нејзиниот борбен дух.

Родителите ја однеле својата ќерка во болницата во Бронкс со треска на 21 март, потврдила бабата за Си-Ен-Ен. Бебето имало срцева мана, па затоа веќе биле загрижени за нејзиното здравје.
За тој едномесечн период имало моменти кога девојчето изгледало подобро, но состојбата на нејзините бели дробови се влошувала па таа ја изгубила битката.
Џеј Натали е прво дете на ова семејство кое сега е уништено од страшниот факт.
