Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмладата ќерка на Трамп растргната на социјалните мрежи

Најмладата ќерка на Трамп растргната на социјалните мрежи

Тифани Трамп, најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, доби жестоки критики на социјалните мрежи, бидејќи во време на национална криза по страшните урагани кои го парализираа Порто Рико таа објавува слики од фотосесии наместо да упати апели за помош на островот кој нема струја, вода и храна.

Проблемот секако, не е во младата Тифани која започна да студира право, туку во нејзиниот татко, претседателот Трамп кој го собра гневот на јавноста откако изјави дека жителите и политичарите на Порто Рико само чекале некој да дојде и да направи нешто за нив наместо да се справат со последиците од ураганот.

Тифани Трамп воопшто не е ни политички активна и не живее во Белата куќа, за разлика од нејзината посестра Иванка која доби и позиција на специјален советник на претседателот. Се проценува дека Порто Рико со месеци ќе остане без главната електрична мрежа.


Слично

Поврзани вести