НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ ТАЛИБАНЕЦ ПРВ ПАТ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТА: Хибатула Акунџада, врховиот лидер се обрати во Кандахар
Хабитула Акунџада,
духовниот водач на Талибанците од 2016 година, кој со години се крие од
јавноста, денеска се обрати пред јавноста во Кандахар, град на југот на
земјата, отфрлајќи ги гласините за неговата смрт.
Тој е познат како водач на верниците или Амир ул Моминен, не беше виден во јавноста дури и откако Талибанците ја презедоа земјата во август, што доведе до шпекулации.
Висок талибански водач кој беше присутен со Акунџада за време на неговото појавување, изјави за Ројтерс дека врховниот водач ја посетил џамијата Дарул Алум Хакимија, верско училиште во Кандахар, во саботата. Талибанците дури објавија аудио снимка од неговиот говор, во која не се зборува за политика, туку само за религија.
Хибатула Акунџада побара благослов за талибанското раководство и рече дека се моли за талибанските маченици, ранетите борци и за успехот на талибанската влада, која, како што нагласи, е „на голем тест“.
Кога исламистичкото движење ја презеде владата во септември, откако силите предводени од САД се повлекоа, мистериозниот Акунџада ја задржа улогата на врховен лидер што ја има од 2016 година.
Тој порано беше исламски свештеник во Кандахар и врховен талибански судија. На таа позиција се верува дека донел пресуди како што се јавни егзекуции за убијци и прељубници и ампутации на осудените за кражба.
Побегна во Пакистан во 2001 година и таму предаваше во верски училишта, само за повторно да им се придружи на Талибанците.
