Најмалото дете убиено во масакрот во Тајланд има само две години
Најмладата жртва во масакрот кој се случи на Тајланд има само две години.
Полицијата потврди дека најмалку 38 луѓе се убиени во масовно пукање во североисточниот дел на Тајланд, во градинка во Нонг Буа Ламфу. Меѓу убиените има и деца, а напаѓачот е поранешен полицаец. При нападот тој употребил нож и пиштол кои ги набавил легално. Децата се убиени во сон, пренесува Sky News. Напаѓачот влегол во собата во која спиеле децата. Пред тоа убил 5 вработени, меѓу кои и наставничка која била во осмиот месец од бременоста. Иако масовните престрелки се ретки во Тајланд, има околу 10 милиони пиштоли во приватна сопственост во земјата со 70 милиони жители, според најновата статистика на gunpolicy.org, невладина организација со седиште на Универзитетот во Сиднеј. Се наведува дека околу 4,1 милион од нив се нерегистрирани.
