Најмалку четири години затвор за манипулирање на финансиските пазари
Судиите, кои ќе одлучуваат да наметнат максимални казни за земјите за сериозен финансиски криминал, како што е манипулација на каматната стапка LIBOR , би требало да предвидат најмалку четири години затвор по силата на предлог за закон, кој вчера беше одобрен од Европскиот парламент.
Правилата кои имаат за цел да ја обноват довербата на финансиските пазари во Европската унија и да ја подобрат заштитата на инвеститорите, треба да бидат формално одобрени од земјите членки на ЕУ .
„Денешното гласање е голем чекор напред, овозможувајќи им на судовите на територијата на ЕУ да се борат со финансиски злоупотреби. Ова е прв закон за воведување на построги паневропски кривични казни за злоупотреба на пазарот, со минимална казна од 4 години за тешки кривични дела, како инсајдерски тргувања и манипулација на пазарот. Скандалот со LIBOR може да не е последен - изјави за манипулација на пазарот се појавуваат и кај пазарите на нафта, природен гас и странска валута" , изјави известувачот на Комисијата за економски и монетарни прашања, Арлен МекКарти.
„Законодавството им овозможува на властите да ги извршуваат сличните злосторства поефикасно, обезбедувајќи обука и средства за нивниот персонал и создава можност да се прошири компетентноста, каде што е потребно, за да се адресира прекуграничниот криминал" , изјави известувачот на комисијата за граѓански слободи Емин Бозкурт.
Новите правила одредуваат построги кривични санкции , вклучувајќи и затвор , за сериозни пазарни злоупотреби , како што е несоодветното објавување на информации , инсајдерски тргувања или манипулација на пазарот , а исто така и поттикнување или соучество во нив.
За да се обезбеди дека овие санкции се применуваат во целата ЕУ , сите земји членки ќе треба да побараат од своите судии кои осудуваат , максимална казна за прекршителите , да пропишат не помалку од четири години затвор за најлошите форми на злоупотреба, инсајдерски тргувања или манипулација на пазарот, и не помалку од две години за незаконско откривање на информации . Според новите правила, дефинициите на злосторствата и казните кои се применуваат за нив ќе бидат хармонизирани.
Кривичните дела поврзани со манипулација на пазарот , казниви со затвор за период од четири години ќе вклучуваат склучување на трансакцијата или составувањето на нарачка , кои даваат неточни или лажни сигнали во однос на понудата , побарувачката или цената на еден или повеќе финансиски инструменти , или обезбедување на неточни или лажни информации за манипулирање на пресметката на индекси , како што се Лондонскиот внатрешнобанков каматен процент (LIBOR) или Европскиот внатрешнобанков каматен процент ( EURIBOR ) .
Кривични дела поврзани со инсајдерски информации, казниви со четири години затвор , ги вклучуваат случаите во кои внатрешните информации се користат со намера за купување или продавање на финансиски инструменти или за поништување или измена на веќе направени нарачки. Земјите членки ќе можат да утврдат или да задржат построги санкции на кривичното право за пазарна злоупотреба од оние предвидени во новите правила.
Откако предлогот ќе биде официјално одобрен од Советот на министрите , земјите членки ќе имаат 24 месеци да го спроведат.
А.А.
Слично
