Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмалку 920 луѓе загинаа во земјотресот во Авганистан, стотици повредени

Најмалку 920 луѓе загинаа во земјотресот во Авганистан, стотици повредени

Во силниот земјотрес кој го погоди Авганистан загинаа најмалку 920 луѓе, а стотици се повредени, јави „Би-Би-Си“, повикувајќи се на талибанските власти.

Сликите покажуваат лизгање на земјиштето и уништени куќи изградени од кал во источната провинција Пактика, каде што спасувачите се обидуваат да ги санираат повредените.

Во оддалечените области, хеликоптери ги превезуваа жртвите во болниците. Лидерот на талибанците Хибатула Ахунџада изјави дека стотици куќи се уништени, а бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Неговиот заменик-министер за управување со катастрофи Шарафудин Муслим на прес-конференција изјави дека најмалку 920 луѓе загинале, а уште 600 се повредени.

Земјотресот се случи на околу 44 километри од југоисточниот град Хост, кратко по 01:30 часот по локално време (21:00 часот вторник по Гринич), кога многу луѓе беа дома, спиеја во своите кревети.

Земјотресите имаат тенденција да предизвикаат значителна штета во Авганистан, каде што има многу рурални области каде живеалиштата се нестабилни или слабо изградени.

Фото: Принскрин / Би-Би-Си

Слично

Поврзани вести