Најмалку 80 политичари се убиени во текот на кампањата во Мексико
Тензично е во Мексико. Повеќе од 80 политичари се убиени во изборната кампања во Мексико.
Од нив, 32 беа кандидати за некоја функција, а се регистрирани вкупно 476 напади врз политичари.
Само еден ден откако нарко картелот на затворениот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, го уби началникот на државната полиција во Синалоа, група вооружени напаѓачи го киднапираа и кандидатот на Зелената партија, Омар Планкарте Хернандез. На Хернандез, кандидатот за градоначалник на Урупан, членовите на нарко картелот пред девет години му киднапираа две деца.
Пред изборите закажани за 6 јуни, политичката сцена едноставно се распаѓа под притисок на нарко картелот Синалоа, чии членови се одговорни за 476 напади врз политичари. Мексиканските медиуми наведуваат дека во последно време се забележани по скоро 100 убиства дневно, а лани се убиени вкупно 34.600 луѓе.
