Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмалку 61 мртов и 37 повредени од свлечиштето во Колумбија

Најмалку 61 мртов и 37 повредени од свлечиштето во Колумбија

Најмалку 61 лице загина поради свлечиштето во дефиле во северозападниот дел на Колумбија, а повредени се 37 лица, објавена властите, цитирани од странските медиуми.

Повеќето жители спиеле кога свлечиштето ја погодило општина Салгар околу 3.00 часот во понеделникот, закопувајќи огромна зона со кал и остатоци.

Масата од кал и вода се разурнала низ целиот пат, објаснил за радио „RCN“ градоначалникот на општината Олга Осорио. Малиот град Санта Маргарита практично е избришан од картата, посочила таа.

kolumbija 1

Спасувачката операција, во која учествувале 166 лица од прва помош, била прекината по полноќ и ќе трае рано наутро.

Сликите од регионот покажуваат широка река од кал, која затрупала голема површина, повлекувајки куќи и дрвја со себе.

Претседателот Хуан Мануел Сантос замина во погодената област и се сретнал со локалните власти.

„Никој не може да ги врати загинатите. Тоа е нешто за што ние длабоко жалиме. Но ние треба да ја гледаме како минато оваа катастрофа и да гледаме во иднината со храброст и сила“, изјавил тој.

Слично

Поврзани вести