НАЈМАЛКУ 20 ЗАГИНАТИ: Aвтобус излета во клисура длабока 200 метри
Автобус падна во клисура длабока 200 метри, при што има најмалку 21 загинат, а 12 се повредени во централна Боливија.
Веста ја објави претседателот на Боливија, Луис Арсе, на својот профил на Твитер и изрази сочувство до семејствата на загинатите. Автобусот се движел кон градот Килјаколjо кога излетал во клисурата.
Возачот е хоспитализиран, но рекол дека тој изгубил контрола над возилото кога нагло закочил за да избегне судир со друго возило кое пак доцна го забележал поради прашина на патот.
Слично
