Најмалку 15 лица загинаа во воздушни напади близу провинцијата Сада
Најмалку 15 лица загинаа во воздушни напади на коалицијата која ја поддржува Саудиска Арабија, тврдат мештаните, пренесува Ројтерс.
Ракети погодиле два автомобили и камион на патот кон главниот град на провинцијата Сада, раскажуваат сведоците на овој немил настан.
Во Јемен се води војна меѓу двете поделени групи од кои едни ја поддржуват Иран, а другата, коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Во текот на војната во Јемен загинаа најмалку 10.000 луѓе, а повеќе од два милиони се иселени.
Слично
