Најмалку 13 новинари биле убиени од „Исламска држава“ во Ирак
Терористите од организацијата „Исламска држава“ убиле најмалку 13 новинари во Ирак, соопшти меѓународната организација „Репортери без граници“.
Станува збор за злосторства извршени од исламисти во градот Мосул во северниот дел на земјата. „Репортери без граници“, наведуваат дека новинарите и медиумските работници се една од основните цели на „Исламска држава“.
Во соопштението се вели дека до овој момент останува непозната судбината на 10 од 48-те новинари киднапирани од терористичката организација.
Терористите контролираат телевизиски и радио станици во Мосул, претворајќи го северниот ирачки град во „информациска црна дупка“, нагласуваат од „Репортери без граници“.
Слично
