„Рускиот непријател бомбардира станбени области. Поради бомбардирањето, кое сѐ уште трае, не можеме да повикаме спасувачки служби... Во моментов има 11 загинати и десетици повредени“, напиша на социјалните мрежи регионалниот гувернер Олег Синегубов.
Управата во Харков, објави дека гранатирани биле области во кои живеат повеќе од 1 милион луѓе.
„Харков беше масовно нападнат со ракети. Стотици беа ранети“, напиша на Фејсбук советникот во Министерството за внатрешни работи Антон Херашченко. Експлозиите пред зори се слушнале и во главниот град Киев, прекинувајќи ја неколкучасовната тишина, како и во Харков“, соопшти украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации.
