Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмалку 10 уапсени во антитерористичките акции во Белгија

Најмалку 10 уапсени во антитерористичките акции во Белгија

Полицијата во Белгија уапси најмалку 10 лица во Брисел и во реонот на Берж во провинцијата Валонски Брабант во антитерористичка акција, објавија локалните медиуми.

Шестмина млади се уапсени на бензинска пумпа крај Брисел.

Операцијата е извршена во 15 часот по локално време во реонот на Берж во провинцијата Валонски Брабант. Во неа учествувале неколку полициски автомобили, придружени со брза помош, кои го пресретнале автомобилот со странски таблички.

Се тврди дека осомничениот за париските напади Салах Абдеслам често запирал на оваа бензинска пумпа.

Минатата ноќ во белгиската престолнина беше прогласен највисок степен на терористичка закана по серијата рации во соседството Моленбек. Полицијата уапси таму уште еден осомничен за соучество во атентатите во Париз и откри магацин со оружје.

Слично

Поврзани вести