Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмалку 10 милијарди евра за бегалците во Германија, во Минхен досега стигнале 8000

Најмалку 10 милијарди евра за бегалците во Германија, во Минхен досега стигнале 8000

Прифаќањето на рекорден број бегалци ќе ја чини Германија околу 10 милијарди евра 2015 година, односно четири пати повеќе во однос на минатата година, пренесува весникот Frankfurter algemajne cajtung (FAZ).

Тие пари се пресметани врз основа на очекуваните 800 000 бегалци оваа година во Германија, додека минатата година таа бројка изнесувала 203 000.

Весникот додава дека германската влада на еден собир во јули навела дека ќе издвои 5,6 милијарди евра за околу 450 000 бегалци но ситуацијата од тогаш се променила.

Само во Минхен досега стигнале околу 8 000 бегалци.

 Бегалците од кои повеќето се од Сирија се зафатени со повеќегодишна војна, стигнале со воз и автобус во Виена, а потоа со воз до Минхен и други германски градови.

 
Слично

Поврзани вести