Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најмалите се поотпорни на коронавирусот - што е со адолесцентите?

Најмалите се поотпорни на коронавирусот - што е со адолесцентите?

Најмалите се поотпорни на коронавирусот. 

Тие имаат 44 отсто помали шанси да се заразат со коронавирус. 

Ова го покажало истражувањето кое го направиле тим научници предводени од претседателот на Британскиот кралски колеџ за педијатрија и здравје на децата.

Тие направиле преглед и анализа на 32 студии и откриле дека децата и адолесценттие помлади од 20 години имаат 44 отсто помали шанси да развијат секундарна инфекција со SARS-CoV-2 отколку луѓето постари од 20 години, пренесува „Ројтерс“.

Има докази дека децата на возраст од 10-14 години имаат помали шанси да се заразат со вирусот. 

Но, адолесцентите се чини дека се приближно подложни како возрасните. 

Во светот има над 33 милиони заразени луѓе од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести