Најмладиот руски војник кој загинал во Украина имал 18 години
Роман Акимов (18) е убиен во Украина, и тој е најмладиот загинат руски војник.
Идентификуван е со ДНК анализа, а неговите родители дознале дека загинал три недели по неговата смрт. Родителите Евгенија и Иван постхумно се одликувани со руски орден за храброст, кој се доделува по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.
„Тој рече дека е жив и здрав. После тоа изгубивме контакт. Дури на 10 април дознавме дека е убиен на 17 март. Смртта е потврдена со анализа на ДНК примерок", вели сестра му Наталија Акимова.
Руската армија го регрутирала Роман Акимов во сибирскиот регион Краснојарск, пренесе Индекс.хр.
Украинската страна тврди дека убила околу 20.000 руски војници, но Русите ретко објавуваат информации и според нив се работи за многу помали бројки. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
Слично
