Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најинспиративна мисла на Нил Деграс Тајсон: Срам да ти биде да умреш пред да направиш нешто за човештвото

Најинспиративна мисла на Нил Деграс Тајсон: Срам да ти биде да умреш пред да направиш нешто за човештвото

Теоретскиот физичар Нил Деграс Тајсон во гостувањето кај прославениот водител Лери Кинг беше прашан за вечноста, дали науката може да го направи човекот бесмртен. 

Таква вечност посакува Лери Кинг кој веќе петта деценија e во телевизискиот бизнис и не се пензионира, но Тајсон во негов стил возврати, ако живеам вечно тогаш зошто сега би изразил љубов, итност да нешто постигнам во животот, зошто денес да се разбудам ако секогаш имам утре. 

„На мојот надгробен натпис сакам да стои цитат од Ман -  Срам да ти биде да умреш пред да направиш нешто за човештвото. Тоа е философијата според која живеам, не ни треба вечноста“, вели Тајсон.


Што мислите вие за идејата дека еден ден со сите напредоци на науката и технологијата ќе живееме бесконечно, дали тоа би го посакале.


Слично

Поврзани вести