Најгостопримлива за бегалците е Кина, Русите не сакаат бегалци
Кина е најгостопримлива земја за бегалците, а зад неа се Германија и Британија.
Во првиот извештај за регистрирање на светската прифатливост на бегалците, Амнести интернешнал забележува дека 80% од 27.000 испитаници во 27 земји изјавиле дека би примиле бегалци во нивните градови.
Скоро 73% од луѓето сметаат дека оние што бегаат од војна би требало да бараат азил во странство. Еден од десет анктирани кажал дека ќе им дозволи на бегалците да останат кај нив дома, а 17% се против тие да дојдат во нивните земји.
„Човечката солидарност е многу видлива и јасна. Луѓето во светот сочувствуваат со оние што се принудени да бегаат од војна или прогон. Тие чувствуваат дека вонредни ситуации бараат вонреден одговор. Се соочуваме со криза на лидерството во врска со ова прашање. Немаме многу луѓе како германскиот канцелар Ангела Меркел која се соочи со извесно противење“- вели генералниот секретар на Амнести интернешнал, Салил Шети.
Во Русија е обратно. Само 61% од Русите одговориле дека би примиле бегалци во нивната земја.
