Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголмиот извозник на ориз – Тајланд

Најголмиот извозник на ориз – Тајланд

Тајландското Здружение на извозници на ориз соопшти дека таа земја ја врати позицијата на водејќи светски извозник на ориз.

Тајланд се врати иако во 2013 година беше зад Индија и Виетнам после неуспешните политики на субвенции и складирања.

Повикувајќи се на зборовите на претседателот на тоа здружение, Чароен Лаотаматас, информативниот портал на државната Организација за масовна комуникација на Тајланд пренесе дека таа земја од јануари до 20 мај оваа година има извезено 3,93 милиони тони на ориз.

Како што е наведено, Индија во истиот период има извезено 3,74 милиони тони, додека Виетнам 2,4 милиони тони. Поранешната  тајландска влада, која беше симната од власт минатиот месец, спроведе програма за купување на ориз од произведувачите по високи пазарни цени.

Како најголем извозник на ориз, Тајланд се надеваше дека ќе го контролира пзарот и ќе постигне раст на цените, а во меѓувреме Индија и Виетнам го зголемија извозот на ориз.

 

Слично

Поврзани вести