Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголемиот пензиски фонд во светот заработи 46 милијарди долари за три месеци

Најголемиот пензиски фонд во светот заработи 46 милијарди долари за три месеци

Најголемиот пензиски фонд во светот забележа профит за четвртиот последователен квартал благодарение на раст во цената на акциите на меѓународните пазари и поевтинувањето на јенот во однос на доларот и еврото, што ја зголеми вредноста на инвестициите во странство, соопшти Блумберг.

Државниот пензиски фонд на Јапонија, кој е и најголемиот во светот, заработил 5,1 трилиони јени (46 милијарди долари), во трите месеци, завршно до 30 јуни, зголемувајќи ги активите до рекордните 149,2 трилиони јени. Од нив 2,3 трилиони јени се благодарение на растот на јапонските акции, а 1,9 трилиони јени е вредноста на вложувањата во странски акции,  индексот Topix исто така се зголеми во периодот.

Профитот на пензискиот фонд доаѓа по серија загуби по преразгледувањето на неговата стратегија во 2014 година за купување на повеќе акции и намалување на нивото на долгот. Токму поради тоа во моментов Фондот искористил од поскапувањето на акциите на пазарите на капитал.

Вложувањата во јапонски акции на фондот заработиле 6,6% во трите месеци до јуни, додека оние во меѓународни партиции се зголемиле за 5,5 отсто, потпомогнати од падот од 7,6% на јенот во однос на еврото, најголем од 2013 година.

„Позитивните пазарни услови продолжуваат со охрабрувачки економски податоци и добри корпоративни профити во вториот квартал, кои го поддржаа порастот на акциите“, коментира претседателот на Government Pension Investment Fund (GPIF) Норихиро Такахаши.

„Јенот беше во негативен тренд покрај очекувањата на федералните резерви да ги зголемат каматните стапки, а Европската централна банка (ЕЦБ) да пристапи кон нормализација на монетарната политика. Во исто време Јапонската централна банка ја продолжи својата политика за квантитативно олеснување“, додаде тој.

Локалните обврзници, кои претставуваат 30,5% од вкупните средства на фондот, го завршија периодот речиси без враќање. Странските обврзници

додадоа 4,5%, што претставува 13,5% од инвестициите на GPIF во крајот на јуни.

Алтернативните средства претставуваат 0,1% од поседот од GPIF средства, што е прилично под дозволениот лимит од 5%. Неодамнешниот предлог на Министерството за здравство да му овозможи на Фондот да тргува со фјучерси на берзански индекси може да го зголеми поседот од алтернативни средства. Фондот инвестира околу 1 трилиони јени во индекси кои ги следат јапонските акции со високи резултати и добра социјално и корпоративно управување.


Слично

Поврзани вести