Најголемиот патнички авион ќе лета на најдолгата воздушна релација на светот!
Австралиската авиокомпанија Кантас влегува во историјата на воздухопловството, бидејќи на најдолгата воздушна линија на светот го воведува најголемиот патнички авион - суперџамбо Ербас А380.
Летот од Сиднеј, Австралија до Далас, Тексас ќе трае 14 часа и 50 минути, а враќањето еден час подолго - 15 часа и 30 минути. Од каде таков интерес кај австралиските граѓани токму за Далас?
„Овој лет нуди директен пристап до самиот центар на САД со пркеу 50 конекции со сите поголеми американски градови за само четири часа, вклучувајќи ги и Орландо, Бостон и Хјустон“, вели извршниот директор на Кантас Алан Џојс.
Воведувањето на авионите А380 на оваа линија, која е единствена директна линија од Австралија за САД, ќе го зголеми бројот на патници кон Америка и ќе ја подобри услугата за корисниците, очекува тој.
Најдолги авиолинии на светот се споменатата Сиднеј-Далас, која изнесува 13.804 километри, потоа линијата Јохансбург-Атланта на авиокомпанијата Делта долга 13.582 километри и линијата Дубаи-Лос Анџелес на компанијата Емирејтс, која изнесува 13.402 километри.
Слично
