Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголемата заплена на дрога во историјата на Австралија: Во пристаниште кај Сиднеј пронајдени 2 тони метамфетамин

Најголемата заплена на дрога во историјата на Австралија: Во пристаниште кај Сиднеј пронајдени 2 тони метамфетамин

Австралиската полиција заплени речиси два тони метамфетамин и тоа е речиси најголемата заплена на наркотици во историјата на земјата.

Имено, полицијата во Сиднеј пронашла 1.800 килограми метамфетамин во пристаништето во Сиднеј. Дрогата била скриена во мермер, а полицијата вели дека има улична вредност од над 1,6 милијарди австралиски долари (повеќе од 1,1 милијарда евра).

Уапсени се тројца мажи, а се вели дека увезувале дрога од Блискиот Исток. Властите тврдат дека уапсените се дел од поширока група со силни меѓународни врски.

„Овие бројки се запрепастувачки, ова е најголемата заплена во австралиската историја“, рече главниот детективски инспектор Џон Вотсон.


Оваа земја има највисока пријавена употреба на метамфетамин по глава на жител во светот. Околу 6 отсто од Австралијците, или 1,2 милиони луѓе, користеле метамфетамин.

Во една неповрзана заплена претходно овој месец, полицијата откри повеќе од 150 килограми метамфетамин во автомобил на истото пристаниште во Сиднеј.



Foto: Foto NSW Police Force Твитер



Слично

Поврзани вести