Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ЗА ПУТИН: Рускиот опозиционер ќе бара политички азил во Велика Британија

НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ЗА ПУТИН: Рускиот опозиционер ќе бара политички азил во Велика Британија

Рускиот опозиционер и поранешен шеф на нафтената компанија „Јукос“ Михаил Ходорковски ќе побара политички азил во Велика Британија, откако беше објавена меѓународна потерница по него од федералната служба во Москва во врска со дело за организирање на убиства.

Ова го изјави самиот тој во интервју за БиБиСи, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин се уште го смета за закана.

„Путин ме смета за закана, економски - поради можното одземање на руски средства во странство, и политички - како некој кој може да им помогне на демократските кандидати на претстојните избори во 2016 година“, коментира Ходорковски.

Според истрагата, по која беше распишана меѓународна потерница за него пред еден ден, „како акционер и претседател на управата на нафтената компанија „Јукос“ Ходорковски во периодот 1998-1999 година им наредил на подредените вработени во компанијата Леонид Невзлин и Алексеј Пичугин, како и на други лица да го убијат градоначалникот на Нефтенганск Владимир Петухов и инвеститорот Евгениј Рибин, чија службена дејност била насочена против интересите на Јукос“.

Ходорковски помина 10 години во сибирски затвор и во работен камп под обвинение за измама, кои според него се политички мотивирани.

Како сторители на овие злосторства претходно беа осудени Леонид Невзлин, Алексеј Пичугин, Генадиј Цигелник, Евгениј Решетников и Владимир Шапиро.

Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија, беше помилуван од претседателот Владимир Путин во декември 2013 година, по десет години во затвор.

Обвиненијата за даночни измами и злоупотреби против него беа политички мотивирани - казна за тоа што се спротивстави на Кремљ и гаеше политички амбиции, потсетуваат агенциите.

Во 2013 година Ходорковски доби помилување од Путин и оттогаш живее во странство, главно во Швајцарија. При напуштањето на земјата, тој изјави дека нема да се занимава со политика - нешто што според многумина е и причина за негово ослободување.

Следната година во Русија треба да се одржат избори за претставници во Долниот дом на парламентот - Државната дума. Во моментов тоа е доминирана од поддржувачите на претседателот.

Во интервјуто за БиБиСи тој сепак изјави дека ќе „им помага на младите политички активисти во Русија да добијат политичко искуство и да поднесат политичка алтернатива на постоечкиот режим“. Според Ходорковски во скоро време нема да има значителна политичка промена во Русија, но „во рок од десет години, режимот ќе се промени и се надевам дека ќе одиграм значајна улога во тоа“

Слично

Поврзани вести