НАЈГОЛЕМА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА: Дури 4 000 луѓе се спасени од сигурна смрт!
Околу 4000 бегалци и мигранти се спасени во текот на минатиот викенд во водите на Средоземното море, помеѓу Италија и северна Африка, а новите операции за спасување се очекуваaт и во текот на последните „вонредни“ денови оваа година, соопштија од италјанската полиција.
Италјанската крајбрежна стража објавила дека во текот на божиќните празници, од четвртокот па наваму, координирала спасување на повеќе од 3000 лиѓе, додека норвешкиот брод „Сием Пилот“ спасил 931 мигранти, вклучувајки 26 малолетници, и ги транспортирале во Палермо, Сицилија, пренесоа агенциите.
Според наводите на италијанските медиуми, тројца осомничени крумчари на луѓе, помеѓу кои се двајца Гамбијци и еден Сомалиец, се уапсени во Палермо веднаш кога бродот се вратил од својата спасувачка мисија.
Командантот на крајбрежната стража, адмирал Виценчо Мелоне изјавил: „Нашите напори за спасување на бегалците ќе продолжи и во наредните денови, но веќе можеме да кажеме дека 2015 година беше вонредна година“.
Скоро еден милион баратели на азил или мигранти стигнале во Европа од почетокот на оваа година, а најмалку 3 692 луѓе починале во обидете да го преминат Средоземното море и да стигнат на „стариот континент“, покажуваат податоците на Мегународната организација за миграција.

