НАЈГОЛЕМА ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА ВО КИНА: Замрзнати 14,5 милијарди долари!
Кинеските власти замрзнаа имот вреден 14,5 милијарди долари од членовите на семејството и најблиските соработници на кинескиот „цар на безбедноста“ Жу Јонгканг, кој се наоѓа во средиштето на најголемата корупциска истрага во Кина во последние 60 години.
Во последните неколку месеци се приведени и испрашани речиси 300 најблиски луѓе на 71-годишниот Жу, кој се наоѓа во притвор. Истрагата против него започна кон крајот на минатата година, а треба да демонстрира како кинескиот претседате Кси Џинпинг се бори против корупцијата на највисоко ниво.
Жу Јонгканг е поранешен висок претставник на Комунистичката партија на Кина, а во периодот од 2007-2012 година бил секретар на Централниот политички и законодавен комитет надлежен за целокупниот безбедносен, разузнавачки и законодавен систем на Кина.
Според одредени информации, неговото семејство заработило милијарди долари инвестирајќи во нафтената и индустријата на гас.
Слично
