Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголема инвестиција на Интел кај центрите за податоци

Најголема инвестиција на Интел кај центрите за податоци
Интел корпорацијата и Клаудера соопштија широко стратешко партнерство во поглед на технолошката и бизнис соработка, како и значајна инвестиција во акции правејки го Интел најголем стратешки партнер и член во одборот на директори на Клаудера. Ова е најголемата инвестиција кај центрите за податоци во историјата на Интел. Договорот ќе се приклучи на водечкиот софтвер на Клаудера за аналитичка обработка на податоци поддржан од Apache Hadoop™ заедно со водечката архитектура за центри за податоци базирани на Intel® Xeon® технологија. Целта е да се овозможи приспособување на корисниците кон решенија за обемни податоци, олеснувајќи им на компаниите од сите размери да добијат поголем обем и вредност на бизнисот од податоци. Клаудера ќе развие и оптимизира дистрибуција со Apache Hadoop (CDH) за Интел архитектура како преферирана платформа и поддршка за повеќе „ next-generation“ технологии вклучувајќи Интел материјали, флеш меморија и безбедност. За возврат, Интел ќе ги продава и промовира CDH и Cloudera Enterprise на своите потрошувачи како и преферираната Hadoop платформа. Интел ќе ги фокусира своите инжинерски и маркетинг ресурси во заедничката мрежа. Соработката со Клаудера ветува подбрување као кај Интел центарот за податоци, така и кај Internet of Things (IoT) технологијата со овозможување на корисниците да менаџираат и анализираат податоци генерирани од машини од различни видови на извори, префрлање податоци помеѓу различни мрежи и уреди. „Со поддржување на плановите на Клоудера и Интел, ние креираме платформа од избори за обемни анализи во поглед на податоците“ вели Дaјанa Брајант, потпретседател и генерален менаџер на Интел центарот за податоци. intelhadoophistory „Очекуваме забрзување на индустирјата кон адаптација на the Hadoop платформата за податоци и овозможување на компаниите во собирање на податоци кои се погодни за нивниот бизнис. Оваа соработка ја проширува технологијата на нашиот центар за податоци од пресметки до мрежно покривање, безбедност и складирање и проширување на нашите иницијативи за Internet of Things“ Двете компании се придржуваат кон обврските за овозможување слободен софтвер, што претставува и основна цел на Hadoop. Двете компании исто така ќе работат со заедничка пазарна стратегија што вклучува координиран придукт, канал и продажни програми. intelhadoop „Hadoop го промени целиот разговор околу податоците“, изјави Том Реили, извршен директор на Клаудера. „Базирано на нашата способност да зачувуваме, процесираме и анализираме различни видови на податоци на нови начини, потенцијалот за напредок во бизнисот, социјалната и економската околина е огромен. Здружувањето со Интел, лидерот во индустријата на иновацијата на центри за податоци ,создава можности за за нас да го поставиме Hadoop основата на конструкцијата на платформата. Резултатот е многукратно подобрување на работењето, поготово кај собирањето на интелигентен увид. Визијата на Интел за испорачување на отворени решенија со оптимизирани преформанци за обемни податоци е во синергија со нашата визија за помагање на компаниите да го забрзаат времето до остварување на успех.“
Слично

Поврзани вести