НАЈГОЛЕМА ЕВАКУАЦИЈА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА: 54.000 луѓе ќе мора да го напуштат градот за Божиќ
Поради неексплодирана бомба од Втората светска војна, 54.000 луѓе ќе мора да го напуштат градот Аусбург, во Баварија за Божиќ, пренесоа германските медиуми.
Ова е најголемата евакуација по Втората светска војна.
Градските власти им наредија на граѓаните до 10 часот на Божиќ да ги напуштат домовите.
При градежни работи е најдена британска граната од 1.8 тони.

Евакуацијата ќе ја надгледуваат 800 полицајци. Отстранувањето на бомбата ќе трае пет часа, а можеби и повеќе.
Ова се случува баш на Божиќ затоа што нема фреквенција.
Слична евакуација имаше во Кобленц во 2011 година, кога беа повлечени 45.000 луѓе од своите домови.
Слично
