НАЈГОЛЕМ ХАКЕРСКИ УПАД: Загрозени 80 милиони клиенти на американска банка!
Една од најголемите американски банки „ЈП Морган Чејс“ соопшти дека во текот на летото бил извршен хакерски упад во сметките на околу 76 милиони домаќинства и седум милиони мали фирми - клиенти на оваа банка. Ова претставува најголем хакерски упад во историјата!
Во рацете на хакерите доспеале контакти, електронски адреси, телефонски броеви и адреси на клиентите, додека лозинките, броевите за социјално осигурување и датумите на раѓање сепак биле зачувани.
Хакерскиот напад бил извршен во јуни, а откриен во јули, објави сега банката. Хакерите засега не се обиделе податоците да ги злоупотребат.
„Од откривањето на хакерскиот упад, компанијата не регистрираше никакви невообичаени измами на клиенти поврзани со овој инцидент“, се наведува во соопштението од банката и се додава дека клиентите нема да бидат одговорни за евентуалните неовластени трансакции од нивните сметки доколку веднаш ја предупредат банката на сомнителна активност.
Банката започна соработка со ФБИ и американската тајна служба за да ги утврди деталите за нападот.
Слично
