Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголем број Авганистанци ќе прими Германија, а најмалку Шведска

Најголем број Авганистанци ќе прими Германија, а најмалку Шведска

Германија ќе прими 25.000 Авганистанци. 

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ги повикала земјите-членки да ги исполнат сите свои ветувања за преземање бегалци до 2022 година. Како што објавија западните медиуми, таа нагласила дека овие луѓе треба да започнат нов живот во безбедност и достоинство. Холандија се обврзала да прими повеќе од 3.100 Авганистанци, а Франција и Шпанија ќе примат 2.500 Авганистанци. Според најавите, 2.000 ќе бидат згрижени во Шведска. Вкупно 40.000 бегалци ќе бидат примени земјите-членки на ЕУ. Станува збор за луѓе кои важат за најранливи  откако Талибанците го заземаа Кабул при крајот на август годинава.  Германија во 2015 година прими рекорден број бегалци, скоро 900.000, повеќето од нив дојдоа од Сирија, Авганистан и Ирак. Кон крајот на август, состојбата во Кабул беше очајна. Многу луѓе сакаа да ја напуштат земјата стравувајќи од Талибанците. 

Слично

Поврзани вести