Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈЕВТИНИ и НАЈСКАПИ држави за живот, Македонија со ниски трошоци но и ниски плати

НАЈЕВТИНИ и НАЈСКАПИ држави за живот, Македонија со ниски трошоци но и ниски плати

Во истражувањето спроведено од компанијата MoveHub која се занимава со истражување и информации за најпопуларните земји за преселување се појавија интересни информации за тоа кои се најевтините, а кои најскапите земји за живот.

Во истражувањето се користени податоци од најголемите светски бази, а во индексот на потрошувачките цени се зема предвид и колку луѓето ги плаќаат намирниците, превозот, рестораните и комуналиите.

Македонија е во групата земји со ниски трошоци за живот. Тука спаѓаат и земјите од регионот како Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина. Резултатите од истражувањето се добиени во споредба со цените во Њујорк.

Најевтини земји за живот се: Пакистан, Египет, Украина, Индија, Тунис, Алжир, Косово, Грузија, Азербејџан и Бангладеш

Најскапи земји зa живот се: Бермуда, Швајцарија, Исланд, Норвешка, Бахами, Луксембург, Данска, Сингапур, Јапонија и Израел.

Слично

Поврзани вести