Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдолгата копнена граница на светот останува затворена уште 30 дена

Најдолгата копнена граница на светот останува затворена уште 30 дена

Канада и САД се согласија дека нивната граница ќе остане затворена поради епидемијата барем до 21 јуни за сите патувања што не се неопходни. Сегашното продолжување на одлуката за затворање на границата истекува оваа недела, но двете влади ја продолжија за уште 30 дена.

Канаѓаните стравуваат од повторно отворање на границата затоа што САД имаат најмногу заболени и смртни случаи од Ковид-19 во светот, иако „по глава на жител“ има помалку отколку во некои други земји.

Здравствени работници, авионскиот екипаж и возачите на камиони сè уште можат да ја преминат границата помеѓу САД и Канада, како и шпедитерите, бидејќи поголемиот увоз на храна во Канада доаѓа од САД или преку САД.

Заедничката американско-канадска граница е долга 8.891 километар и таа е најдолгата копнена граница на светот меѓу двете земји.


Слично

Поврзани вести