НАЈДОБРО МЕСТО ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДЕЦА: Швајцарски град нуди многу можности
Истражувањата покажуваат дека на врвот на листата на најдобри места за семејства, т.е. за одгледување на деца е градот Берн, во Швајцарија.
Здравството и образованието се меѓу највисоките во светот, а со природата исто како разгледница и многу чист воздух, не е тешко да се види зошто Швајцарија е толку привлечно место за живеење за семејствата.
Посебно се пофалени тамошните лекари и болници, а надалеку е позната и безбедноста во Швајцарија. Децата таму најчесто сами одат на училиште, родителите не треба да се грижат дали нешто ќе им се случи, тие се воспитувани да бидат самостојни уште од мали нозе.
Трошоците за живот во Швајцарија не се ниски, но платите се генерално многу високи, па затоа е една од најдобрите земји во Европа по квалитет на живот.
Интересно е што во Берн живеат само нешто повеќе од 130.000 жители, од кои 17 отсто се имигранти. Градот лежи на големо плато и е омилена дестинација за многу туристи поради својата единствена убавина.
foto Wikipedia/Daniel Schwen
