Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдобрите и најпаметните почнуваат да го избегнуваат Волстрит

Најдобрите и најпаметните почнуваат да го избегнуваат Волстрит
Компаниите од Волстрит во последно време прават се што е возможно за да го сменат начинот на кој се однесуваат со новоименуваните вработени. Barclays на пример, им овозможува на вработените да носат фармерки , а Goldman Sachs ги охрабрува да не работат за време на викендите . За сето тоа си има причини и тие стануваат јасни , ако човек ги погледне статистиката на вработеноста меѓу дипломците оваа година од Универзитетот Харвард . Оваа година само 27 % од дипломираните MBA во Харвард со почнаа работа во компании од областа на финансиските услуги , според прелиминарните податоци од универзитетот , пренесува CNBC . И додека финансиите остануваат саканата дестинација меѓу дипломираните MBA во елитните универзитети , учеството на овој сектор е многу мал во споредба со кога и да било во последните години . Дури и во годините веднаш по финансиската криза уделот на започнатата работа во финансискиот сектор , откако завршиле MBA во Харвард , никогаш не паднал под 31%. Повеќе луѓе свртуваат поглед кон сферата на технологијата и телекомуникациите. Од 2006 до 2009 година овој сектор забележа раст од 7% меѓу дипломираните на бизнис училиштето на Харвард. Уделот на технолошкиот сектор почнува да расте, иако бавно - до 8% во 2010 година, 11% во 2011 година и 12% во 2012 година, потоа минатата година тој скокна до 18%. Со други зборови,  најдобрите и најпаметните студенти во САД изгледа почнуваат да се лизгаат на Волстрит. Се повеќе и повеќе од нив се свртуваат кон технолошкиот сектор.
Слично

Поврзани вести