НАЈДОБРИОТ СЕ СРЕТНА СО НАЈДОБРИОТ! Џоковиќ ја доби десетката на Меси, а тој зелената Ла Кост
Српскиот тениски ас Новак Џоковиќ објави фотографии од средбата со аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, предизвикувајќи огромна реакција на социјалните мрежи.
„Чест ми е што ја запознав легендата и неговото прекрасно семејство. Gracias Leo. Hasta pronto“, напиша Џоковиќ во описот на објавата.
На фотографиите, двајцата спортисти си ги разменија „дресовите“. Меси ја доби зелената Ла Кост маичка потпишана од Џоковиќ, а тенисерот во рацете го држи розовиот дрес на Интер Мајами со легендарниот број 10 на Меси.
Објавата набрзо беше преплавена со коментари од фановите:
„Големината препознава големина“, „Две живи легенди, взаемна почит меѓу нив…“„Суперлуѓе, неверојатни спортисти, прекрасни семејни личности!“
Слично
