Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ: Швајцарија е прва, а која земја котира најлошо?

НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ: Швајцарија е прва, а која земја котира најлошо?

Списанието U.S. News & World Report објави листа на најдобрите земји за живот. Швајцарија го освои првото место и тоа трета година по ред.

Во истражувањето беа анкетирани 17.000 луѓе ширум светот за да се процени како секоја нација е рангирана во различни категории, вклучувајќи моќ, отвореност за бизнис и културно влијание. Швајцарија постигна забележителни резултати во трите најтешки категории: квалитет на живот, претприемништво и социјална цел.

На второ место е Јапонија поради високите позиции во категориите претприемништво и миграција. Соединетите Американски Држави се рангирани на третото најдобро место.

Кога се во прашање земјите од регионот и нашите соседи, Грција е на 26 место, Турција на 31, Хрватска е на 47 место. Таа особено се истакна во категориите бизнис, авантура и наследство.

Бугарија е на 64 место, а на 65 е Словенија, а Србија  се најде на 88 место. Имаше слаб резултат во голем број категории, вклучувајќи моќ, квалитет на живот, агилност итн.

Белорусија беше прогласена за најлоша земја.

Топ 10 листата е следна:

Швајцарија

Јапонија

Соединетите Американски Држави

Канада

Австралија

Шведска

Германија

Обединетото Кралство

Нов Зеланд

Данска

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести